Завчера после полноќ маж бил ограбен од лице кое му се претставило дека е полициски службеник. Наводниот полицаец првин му ги одзел документите, па потоа го внесол во возило, му одзел пари и платежна картичка, и на крај возејќи го од Гази Баба, го симнал во Аеродром.
-На 29.10.2025 во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека на 28.10.2025 околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Деск
Previous ArticleПоради Задушница, маршот во Кочани нема да се одржи оваа сабота

