Денес започнува дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025 кој ќе се одржи на втори ноември.
Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според информациите на ДИК, ќе ги следат 1 569 набљудувачи, од кои 904 домашни и 651 меѓународни, а акредитирани за известување од изборите се и 14 странски новинари.
Во четирите општини за избор на градоначалник каде што беше констатирано дека нема цензус од минимум една третина излезеност на гласачите – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, ќе има нова изборна постапка за избор на градоначалници која ќе почне по завршувањето на локалните избори, односно по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.
Деск

