Две жени се здобиле со повреди, од кои едната е тешко повредена при сообраќајна несреќа која се случила помеѓу трактор без регистарски таблици и патничко возило фолксваген шаран. Лицето кое го управувало тракторот имало 1,16 промили алкохол во крвта, соопшти полицијата.
-Вчера во 16:10 часот, на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б.(58) и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(72), двајцата од с.Требеништа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишната Д.Д., сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека М.Б. бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта, известија од СВР Охрид.
Од таму додаваат дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск
Две жени повредени во сообраќајка помеѓу трактор и патничко возило: Трактористот бил пијан, а тракторот немал регистарски таблички
1 Min Read
Next Article На полноќ започнува изборниот молк

