Мајката на Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК, Анастасија, сака да ги запознае младинците по кои незиниот син се враќал во клубот Пулс во Кочани, за да ги спаси од пожарот, кобната вечер на 16-ти март. Таа синоќа гостуваше во поткаст на Слободен печат, каде разговараше за својот син, кој го загуби животот во големата трагедија.
Исткана дека од ќерка на нејзина пријателка, која работела во МТВ дознала дека Андреј бил на снимки, како се враќа во Пулс за да им помогне на младинците да се спасат и излезат надвор. Сепак, како што истакна Анастасија, ниту едно од лицата за кои се претпоставува дека Андреј ги извадил од клубот, се уште не ја контактирало.
-Бев горда, но сега сум малку разочарана, бидејќи никој од тие лица кои ги спасил, не ме контактирал, иако поминаа месеци… Барем некој од нив да се јавеше.
Јас тоа така го чувствувам, дел од него има кај тие деца, кои ги спасил, баш би сакала да знам кои се. Кога ме прашуваат пријатели зошто се враќал и ризикувал живот, велам дека мислел на Јана, на ќерка му, затоа и се враќал да ги спаси децата, истакна Ѓорѓиеска.
Деск

