Вториот круг од Локалните избори се одржува денес во Македонија, и се избираат градначалници во 32 општини и во Град Скопје.
Се гласа во Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево и Шуто Оризари.
Во првиот круг кој се одржа на 19-ти октомври беа избрани 44 градоначалници. Гласачките места се затвораат во 19.00 часот.
Според податоци од Државата изборна комисија, до 11.00 часот гласале 93.219 граѓани, односно излезеноста е 9,21 проценти.
Деск

