Марија Нацева од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, Соња Стаменкова од редовите на СДСМ во Македонска Каменица и Наталија Димитриева од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија беа единствените жени кои влегоа во трка за градоначалник во вториот круг на Локалните избори.
Сите три извојуваа победа над своите противкандидати и пред нив стојат четири години посветена работа, со цел да ја оправдаат довербата на своите сограѓани, исполнувајќи ги предизборните ветувања за подобар живот во матичните општини.
Покрај нив, во првиот круг на Локалните избори беше избрана само една жена за функцијата градоначалник, Бети Стаменкоска која победи во Општина Кисела Вода.
На овие избори се натпреваруваа 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 жени, што е 10,35 проценти од вкупниот број.
Во голем дел од општините жените воопшто не беа застапени на гласачките ливчиња.
Вики Клинчарова
Сите три жени кои беа во трка за градоначалник во вториот круг, извојуваа победа!
1 Min Read
Previous ArticleМарија Нацева е првата жена – градоначалник во Неготино

