Вчера се одржа вториот круг на Локалните избори 2025, кои ја чинеа државата девет милиони и 760 илјади евра. Од тие буџетски пари, дури две третини беа пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање.
Во изминатиот период јавноста сведочеше на стотици полтички реклами кои редовно се вртеа во етерот, а со кои кандидатите се обидуваа да ја освојат довербата на гласачите.
Сепак, како реклама која посебно се издвои, а за која не бил потрошен ниту еден денар буџетски пари, е песната за кумановецот Максим Димитриевски.
Песната му ја посветија Ромите во знак на благодарност за сработеното во кумановската населба Средорек, а автор на текстот е Менсур Капетан.
Отпеана на ромски јазик, со елементи и на македонски, со заразен ритам, таа ги преплави социјалните мрежи, а набргу се снимија и бројни видео клипови со исечоци од неа.
Синоќа актуелниот градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, од центарот на Куманово прогласи победа во вториот круг за градоначалник, и вети дека ќе ја менаџира општината како и досега.
В.К.

