Тепачка помеѓу пет лица се случила вчера попладне во кавадаречко, во која од една страна учествувале возрасни маж и жена, а пак од друга страна две лица на возраст од 19 и 21 година, како и еден малолетник.
Во настанот со тешка телесна повреда се здобило 21-годишното момче, кое било пренесено во кавадаречката болница, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Р.А.(40) од село Марена, кавадаречко.
Според пријавеното, кај место викано „Краиште“, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу А.А(21), А.А.(19) и еден малолетник, од една страна и Р.А. и 38-годишната Ш.А., од друга страна, сите од село Марена, при што Р.А. со дрвен предмет го нападнал А.А.(21) и му нанел тешка телесна повреда, констатирана во Општа болница Кавадарци.
Предметот е пронајден и одземен, а Р.А. е задржан во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Деск
Фото: Илустрација

