Во Брисел само што ја завршивме пријателската средба со претседателот на Европскиот совет, господинот Антонио Кошта, информираше премиерот Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека разговарале за актуелните теми, приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на преговорите.
-На состанокот ги повторивме нашите единствени позиции кои што навистина се позиции достоинствени после сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото, изминатите 25 години откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската Унија.
Имавме пријателски и би рекол прилично продуктивен состанок, едноставно сето она кое што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Кошта. Покрај приближувањето кон ЕУ и отпочнувањето на преговорите, имаше уште неколку проекти кои што се за нас стратешки важни, тоа е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово.
Понатаму, тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители, како и заедничкиот проект што нашата македонска Влада ќе го има со Европската комисија, а се однесува на проектите кои што треба да ги реализираме во Кочани и во кочанскиот регион.
Сè на сè, можам да кажам дека исклучително успешна и продуктивна средба, продолжуваме и понатаму со нашите средби овде во Брисел. Имаме настан со Еуроњуз, имаме вечер вечера со комесарката Марта Кос и се надевам и сигурен сум на позитивни вести, соопшти Мицкоски.
Деск
По сите понижувања кои ни се случија во минатото, на состанокот ги повторивме нашите позиции кои се достоинствени, кажа Мицкоски од Брисел
2 Mins Read
Previous ArticleФилков: Нови закони за судовите и платите за судиите и обвинителите ја зајакнуваат отпорноста на правосудството
Next Article Со мега концерт ќе се прослави Денот на Куманово

