За два случаи со труење на кучиња информира Секторот за внатрешни работи Велес, а истите биле пријавени во кавадаречко и во Неготино.
-На 04.11.2025 во 18:20 часот во СВР Велес, Љ.Д.(61) од село Сирково, општина Росоман, пријавил дека во дворот од семејниот дом го пронашол мртво неговото куче и се сомнева дека било затруено. По наредба на јавен обвинител, кучето било подигнато за обдукција, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Исто така, на 04.11.2025 во 22:20 часот, А.К.(44) од Неготино пријавила дека на улица „Ленинова“ во Неготино пронашла куче со пена на устата, за кое се сомнева дека било затруено. Известен бил инспектор за животна средина, а увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на настаните, соопштија од полицијата.
Од здруженијата за заштита на животните редовно апелираат до граѓаните, секој случај на отруено милениче да биде пријавен во полиција, а истото според закон треба да биде однесено на обдукција.
Одбукцијата дава одговори на прашањата дали и со каков отров се отруени животните, со цел да им се влезе во траг на трујачите, за делото за кое се предвидени парични, но и затворски казни.
Деск
Previous ArticleВлатко Иљачев – Валдера со нова песна

