Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија, соопшти денес министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
Тој информира дека рокот за изградба бил до октомври 2026 година.
-Железничкиот коридор 8 има стратешко, економско и безбедносно значење за Балканот и Европа. Ние сме силно посветени на неговата изградба и модернизација.
Правата фаза од железничкиот коридор 8 е завршена и ставена во функција оваа година.
Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се работи во моментов, рокот за изградба е октомври 2026 година, истакна министерот.
Деск

