Секторот за внатрешни работи Велес излезе со официјални детали за трагедијата во која утринава загина тракторист од Дреново.
Како што соопштија од секторот, лицето излетало од патот, паднало и било прегазено од тракторот.
-Денеска (07.11.2025) во 09:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт. Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, известија од СВР Велес.
Деск
МВР со детали за трагедијата во кавадаречко: Трактористот паднал и бил прегазен од тракторот
1 Min Read
Previous ArticleИзбрани финалистите за ,,Автомобил на годината 2026”

