Во серијалот македонски успешни приказни на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се објавуваат во блог секцијата Македонско најдобро, се најде приказната на Даниела и Драги Михајлови, кои чувале 800 грла овци во Суво Грло, под планината Серта.
Како што раскажува Драги, и неговиот дедо и татко се занимавале со сточарство, а денес и тој сопругата Даниела чувале бројка од 800 грла овци – овчеполка, а млекото го преработувале во бело овчо сирење и урда, која ја обработувале со пипер.

-Јагнето се извезува по цена од 210 денари, која е ниска во однос на трошоците. Млекото го преработуваме во бело овчо сирење во мојата мандра во село Суво Грло, која е регистрирана. Цената на сирењето е 600 денари за килограм, од кое купувачите се задоволни од квалитетот.
Исто така произведуваме урда, која по ферментацијата ја обработуваме со пипер, од која муштериите се презадоволни, вели Драги, но се жали и дека претрпувале штета од волци, по неколку илјади евра годишно.
Околу кампањата за промоција на домашните производи на земјоделците и сточарите, тој вели дека е одличен начин за сите кои произведуваат природно, домашно, традиционално овчо бело сирење и урда, и истакнува дека потрошувачите ги заборавиле тие вкусови на природно.
Исто така, тој додава дека со сточарството се занимавал повеќе од три децении, и со задоволство ја работел таа дејност.
Деск
Фото: МЗШВ

