32-годишен маж од Тимјаник бил пријавен во Полициската канцеларија во Демир Капија, бидејќи испукал три огномети во близина на угостителски локал, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 21:48 часот во Полициска канцеларија Демир Капија било пријавено дека во близина на угостителски објект во Демир Капија биле употребени пиротехнички средства.
По преземени мерки, констатирано е дека пиротехничките средства биле употребени од В.П.(32) од село Тимјаник, неготинско.
Подоцна од него биле одземени три испукани огномети, соопштија од полицијата.
Додаваат дека по документирање на настанот, против В.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инаку, според Закон, секој огномет се пријавува 48 часа однапред во МВР со локација, кој човек со лиценца, со име и презиме ќе го врши, какво е полнењето и се заверува документот во станицата која е најблиску.
Во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир објавен на веб страницата на Министерството за внатрешни работи стои дека „Кој на јавно место неовластено приреди огномет, факелијада или слична приредба или не преземе мерки за безбедност во смисла на членот 39 од овој закон ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 250 евра во денарска противвредност“.
Деск

