Рамиз Мерко, кој беше градоначалник на Општина Струга во четири мандати, и тоа од 2005 до 2013 година, а потоа и од 2017 се до годинава, и се обрати на јавноста по повод заминувањето од функцијата.
Како што наведува, годините минати на чело на општината, ќе останеле како негов најдраг спомен.
-По 16 години на чело на Општина Струга и 24 години активно во политиката, дојде моментот со гордост и без никакво жалење да ја предадам оваа одговорност на мојот наследник.
Благодарам на Бога што ми дал сила, трпение и мудрост во секој ден од овој пат.
Од срце им благодарам на сите граѓани на Струга кои ми веруваа и ме поддржуваа низ годините. Благодарам на соработниците, партиските другари, пријателите и лидерите кои беа покрај мене во секој предизвик и секоја победа.
Заедно го изградивме, променивме и подобривме нашиот град — камен по камен, ден по ден, со љубов и посветеност.
Ја оставам Струга со позитивен биланс, со бројни реализирани проекти и со потпишани планови и проекти за иднината, кои ќе им служат на идните генерации.
Тоа е наследство што не завршува со еден мандат, туку продолжува со секоја улица, секој мост и секоја насмевка што ја оставивме зад нас.
Сепак, им се извинувам на сите граѓани за секој проект што не успеав да го завршам, за секое ветување што можеби останало нереализирано или за секоја ситуација кога не бев доволно присутен.
Сè што не се постигна, не беше поради недостиг на волја, туку дел од секојдневните предизвици на управувањето.
Иако повеќе нема да бидам дел од политичката сцена, секогаш ќе бидам на страната на оној што ќе работи за доброто на Струга, со истиот жар и љубов кон нашиот град.
На крајот, една голема благодарност од срце за сите вас – за довербата, поддршката и љубовта што ми ја дадовте во текот на овој четврт век управување.
Овие години ќе останат најдраг спомен од мојот живот, објави Мерко.
На неговото место дојде Менди Ќура, кој веднаш најави дека ќе го продава службеното возило Ауди кое го купи Мерко, како и дека започнува ново поглавје за Струга.
Деск
Годините како градоначалник на Струга ќе останат како најдраг спомен во мојот живот, кажа Мерко
2 Mins Read

