Кривична пријава заработи лице од Блаце кое на двајца купувачи им го продало истиот мерцедес, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од министерството, откако зел пари за продажба на возилото од првиот купувач, тој го замолил да му го остави мерцедесот да постои кај него уште неколку дена, а во меѓувреме, го продал на друго лице.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Т. од с.Блаце, Општина Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 21.02.2025 пријавениот склучил договор кај нотар со друго лице за купопродажба на патничко возило „мерцедес“, по што на негово барање лицето дозволило возилото да остане уште неколку дена кај С.Т..
Но, и по завршување на рокот, С.Т. не му го дал возилото на лицето, туку го продал на трето лице, известија од МВР.
Деск

