Жена на возраст од 50 години, со здравствени проблеми, е пријавена за исчезната од страна на нејзината сестра.
До полицијата таа доставила и фотографија од исчезнатата, со апел до јавноста, истата да се сподели на социјалните мрежи, но и во медиумите, со цел побрзо пронаоѓање на лицето.
-На 13.11.2025 во 14:45 часот во СВР Велес, А.М.(46) од Велес пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра М.М.(50), која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од СВР Велес.
Доколку некој има било какви информации за случајот, да се јави во полиција.
Деск

