На 5-ти декември во Македонски народен театар ќе се одржи промоција на документарниот филм „К-15: Од другата страна“, за триото хумористи со чии скечеви израснаа многу генерации во земјава.
По промоцијата, документарецот ќе се прикажува и на шести, седми, 13-ти и 14-ти декември.
Бубо Каров, Васко Тодоров и Бранко Огњановски, кои го сочинуваат К-15, по премиерата ќе имаат дружба со публиката.
На официјалната страница на К-15 во изминатите денови се објавуваат детали кои се опфатени во 100-минутниот документарен филм, чиј режисер и сценарист е Ико Каров.
Така, објавено е сведоштво на Васко Тодоров – Тошо Малерот, во кое тој раскажува за животот во Австралија, од каде се врати пред неколку години.
-Во Австралија отидов на 50 години. Работев свашта, во фабрики, во магацини… А прво стапнување таму – крши нога, открива тој во документарецот.
Билетите за настанот веќе се пуштени во продажба.
Деск

