Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и здружението „16 Март 2025“, денес се одржува марш во Скопје, на кој со фотографии од своите деца и со транспаренти дојдоа родителите на жртвите од пожарот во Пулс, Кочани.
Во пресрет на првото судско рочиште за случајот, кој е најголемата трагедија која се случила во поновата историја на земјата, а кое ќе се одржи на 19-ти ноември, тие упатија апел за правично судење.
-Зошто мораше ова да се случи? Зошто нема единство? – праша еден од родителите, на маршот кој симболично започна во 12.05 часот.
Во пожарот загинаа 63 младиници, но и деца. Над 200 лица беа повредени, од кои некои се со доживотни последици.
Според обвинението, 34 физички и 3 правни лица се обвинети за тешки кривични дела против јавната безбедност, а судењето ќе го води тим од околу 15 обвинители.
Семејствата на загинатите упатија порака дека им е потребна правда, но и поддршка.
Деск
Зошто мораше ова да се случи и зошто нема единство: Родителите од Кочани бараат одговори и одговорност
1 Min Read
Previous ArticleРибочуварка од Кавадарци нападната од маж и жена

