Секој граѓанин кој има информации за некој друг случај со злоупотреба на средства од програмата ИПАРД веднаш да алармира, за надлежните да можат да постапат, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за време на интервјуто за ТВ Канал 5.
Како што истакна, во врска со случајот со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, кому му беше одреден притвор откако беше уапсен за земање мито, тој не чувствувал одговорност и немало да поднесе оставка.
-Сите процеси коишто се внатре во Платежната агенција се водени од самата Агенција и бледи се нападите на опозицијата да го поврзат Министерството. Елиминирам секаква поврзаност на Платежната агенција со Министерството.
Апелирам сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само така ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања, истакна Трипуновски за Канал 5.
Во меѓувреме, од опозициската СДСМ бараат негова оставка поради случајот со ИПАРД програмата.
Деск
Секој граѓанин кој има информации за злоупотреба на средствата од ИПАРД, веднаш да алармира, порача Трипуновски
1 Min Read

