Светозар Јаневски ќе има речиси целосна контрола над сопственоста во Тиквеш, најголемата винарска визба во Македонија, откако целосно ги купил уделите на своите партнери во „М-6“ ДОО Скопје, фирма која контролира 80 отсто од акциите во винарската визба Тиквеш, објави Фактор.мк.
Според пишувањата на Фактор.мк, деновиве била исплатена вкупна сума од 775 милиони денари, односно 12,7 милиони евра кон некогашните соработници и содружници на генералниот директор на АД „Тиквеш“.
Винарската визба Тиквеш е основана во 1885 година и годинава слави 140 години од почетокот на создавањето на вина кои се присутни на пазарите ширум светот.
Деск
Јаневски со целосна контрола над Тиквеш, откако ги купил уделите на своите партнери
1 Min Read

