Се преземаат мерки за пронаоѓање на 28-годишна девојка, за која нејзината мајка пријавила во полиција дека е исчезната од месец јуни годинава, соопшти МВР. Како што пријавила мајката, таа често престојувала во манастири.
-Вчера во 11:55 часот во Полициската станица Пробиштип, У.В.(48) од с.Злетово, пробиштипско, пријавила дека од јуни 2025 година ја немало нејзината ќерка Г.В.(28).
Според пријавеното, таа подолг период била во неколку манастири во Македонија, но во јуни 2025 последен пат се слушнала со неа кога била во манастир во Србија.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од СВР Штип.
Деск

