Зарина Првасевда ќе одржи предновогодишен концерт во Македонска филхармонија, насловен „Предновогодишна кадифена магија“. Истиот ќе се одржи на 20-ти декември, со почеток од 19.30 часот, со ексклузивни гости од Турција.
-Во деновите кога годината тивко завршува, почувствував потреба да создадам место каде што ќе здивнеме, ќе се стоплиме и ќе го оставиме зад нас сè што не ни служи – а од убавото ќе понесеме светлина за во новата година.
Со огромна чест ви најавувам дека ова патување нема да го чекорам сама. На сцената со мене, за прв пат во Македонија, ќе настапат волшебниот Џенк Ердоган и маестралниот Ахмет Алан од Турција, како и моите драги соработници , големите Тони Арслан и Андреа Мирчевска.
Заедно ќе создадеме концерт поинаков од сè досега, кадифено топол и длабок, полн со онаа тивка магија што само музиката знае да ја донесе, порача Зарина.
Инаку, Зарина Првасевда чие вистинско име е Евгенија Здравевеска, стана препознатлива пред неколку години, откако започна да објавува видеа со нејзини мини-настапи низ планинските врвови.
Б.Н.

