Во салата „Импакт Челенџер“ во Бангкок, Тајланд, се одржа 74-то издание на престижниот меѓународен избор за убавина Мис Универзум. Круната ја освои Мексиканката Фатима Бош, а Македонија иако избра своја претставничка, не учествуваше на настанот.
Имено, кон крајот на октомври од организацијата на Мис Универзум Македонија информираа дека е избрана девојка која ќе ја претставува земјата во Тајланд. Стануваше збор за Иман Тотиќ, име недоволно познато за пошироката јавност, девојка која својата кариера ја градела во Лондон.
Сепак, мајката на Иман, Александра Петровска, е име кое е познато на повозрасните генерации, бидејќи таа беше Мис на Македонија во 1996 година.
Од страна на организаторот, Мис Унверзум Македонија, кога беше претставена Иман, и порачаа на јавноста да го следи нејзиното патување кон круната. Детали околу тоа зошто девојката не учествуваше на Мис Универзум, се уште не се соопштени.
На официјалната страница на изборот пак, истакнато е дека претставнички од четири земји, помеѓу кои и Македонија, не пристигнале во Тајланд поради лични причини, а пак една претставничка го откажала учеството поради болест.
Вики Клинчарова
Македонската претставничка Иман Тотиќ, не заминала на Мис Универзум во Тајланд поради лични причини
1 Min Read
Previous ArticleФатима Бош од Мексико победи на Мис Универзум

