Вчера во Белград започна четвртиот меѓународен саем „Wine Vision by Open Balkan”, а оваа година Македонија е претставена со над 100 изложувачи од кои најголем број се винарии и дестилерии.
-Македонското вино, жестоките пијалоци и храна се веќе препознатливи на меѓународните пазари, а тоа е резултат на квалитетот на грозјето, модерниот пристап во производството и посветеноста на винариите и дестилериите, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Додава дека саемот е одлична можност за промоција на македонските вина и храна пред меѓународната публика и остварување на средби со регионални и светски увозници и дистрибутери.
-Македонија преку учество на ваков вид на саеми се истакнува како винска земја со препознатлив стил и квалитет. Сите посетители ќе имаат можност да ги пробаат квалитетните македонски вина и храна.
На покана на мојот колега, српскиот министер проф. д-р Драган Гламочиќ, присуствував и на отворањето на Food Vision во рамките на меѓународниот саем.
На овие настани, средбите со колегите се одлична можност за размена на искуства и јакнење на соработката во областа на земјоделството.
Продолжуваме со поддршка и унапредување на секторот за лозарство, винарство и овоштарство, како клучен сегмент во економијата и извозен потенцијал, истакна Трипуновски.
Деск

