Голем хуманитарен концерт ќе се одржи утре (25.11.2025), а на кој ќе настапат голем број на естрадни имиња, со цел да се собере финансиска помош за семејство кое го изгуби домот во пожар.
Настанот ќе се одржи во спортската сала на ОУ Блаже Конески во Велес, со почеток од 18.00 часот, а ќе настапат Мики Секуловски, Анета Арсовска, Круме Спасовски, Никола Станишиќ, Баже Натов, Злате Антовски, Кате Брезева, Вики Среброва, Ансамбл Керамичар, Бенд Парабола, Бенд на гимназија Кочо Рацин, КУД Коле Неделковски и други.
Музичарите упатија апел до велешани да дојдат на настанот, за кој влезниците се продаваат по цена од 100 денари, и да помогнат во собирање на средства наменети за помош на велешкото семејство Јовевски. Се работи за семејство со три малолетни деца, чија куќа изгоре во пожар кон крајот на октомври.
В.К.

