Од 30-ти ноември започнуваат масовни блокади на патиштата во соседна Грција од страна на незадоволни земјоделци. Како што пренесуваат тамошните медиуми, земјоделците ќе ги блокираат патиштата со земјоделска механизација, бидејќи бараат исплата на заостанатите субвенции и покривање на дел од трошоците за производство.
Одлуката за радикализација на протестите е донесена на координативен состанок во Лариса, свикан од Грчкиот координативен комитет за блокади, на кој учествувале претставници на земјоделски здруженија од целата земја.
Планот предвидува блокадите да започнат на 30-ти ноември и постепено да се шират до 5-ти декември, со поставување трактори и механизација на автопати и други стратешки локации.
Деталите околу тоа колку ќе бидат радикални мерките ќе ги утврдуваат локалните здруженија, во зависност од силата на земјоделските бази по региони.
Деск

