Денес по отворањето на ресурсен центар од страна на Министерството за локална самоуправа, премиерот Христијан Мицкоски одговораше на новинарски прашања. Запрашан за случајот со српскиот турбо фолк пејач Аца Лукас, кој беше приведен викендов во Кавадарци за време на настап, за кој немал потребна документација, тој кажа дека законите и правилата се јасни и важат за сите.
-Јас не ни знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од кабинетот да ме информираат пред неколку дена, мислам дека тогаш се случило.
Претпоставувам дека некој сака да направи естрада од тоа што таму се случило и да ја пренесе тука, но мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери, нагласи премиерот.
Инаку, по прекинот на настапот на Лукас, на кој тој промовирал своја крипто валута, од МВР соопштија дека биле регистрирани повеќе пропусти во локалот, како повеќе гости од дозволеното, неиздавање на фискални сметки, пушење… Лукас пак, парично бил казнет, бидејќи настапувал без потребни документи.
Истовремено, пејачот и неговиот менаџер јавно се огласија и кажаа дека станува збор за случај инициран од власта, па додека оваа власт била на чело за државата, Лукас порача дека ќе размисли дали пак ќе настапува во Македонија.
Деск
Строго ќе го следиме однесувањето на ваков тип на уметници и естрадни менаџери, кажа Мицкоски за случајот со Аца Лукас
2 Mins Read

