Две необјавени песни од ДНК ќе се најдат на новиот албум на Раде Врчаковски – Врчак, кој ќе биде промовиран наскоро, односно, во периодот помеѓу први и 15-ти декември.
Информацијата ја објави Врчак во свое гостување во емисија на Џингл ТВ, каде откри дека песните биле снимени неколку дена пред трагедијата во Пулс во Кочани.
Раперот, кој своевремено беше доста популарен помеѓу помладите генерации, а потоа се повлече од јавноста, имаше свое естрадно враќање пред две години, и тоа со заеднички настапи со ДНК. Андреј и Панчо беа негови соработници, но и блиски пријатели.
Во април годинава, неколку недели по смртта на Андреј, Врчак соопшти дека само неколку дена пред пожарот, снимале во студио, но и дека се уште бил во шок од трагедијата и не можел да слуша музика.
Б.Н.
Последните песни Андреј ги снимил неколку дена пред смртта, јавноста ќе ги слушне за краток период
1 Min Read

