Едно лице е лишено од слобода, а три се приведени, по физичка пресметка која се случувала синоќа во Кавадарци. Како што информира Секторот за внатрешни работи Велес, првично било пријавено дека 30-годишник од Кавадарци физички нападнал малолетник, па потоа таткото на момчето, заедно со уште две лица дошол физички да се пресмета со првопријавениот. Исто така, од полицијата известија дека на таткото му биле измерни 1,80 промили алкохол во крвта. Сите четворица, вклучени во настанот, завршиле во полициска станица.
-На 25.11.2025 во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.М.(30), а ги привеле Е.П.(39), Р.П.(30) и А.П.(25), сите од Кавадарци.
Според пријавеното, на улица „Клинска“ во Кавадарци, Б.М. физички го нападнал малолетниот син на Е.П., а потоа бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу таткото на малолетникот, Р.П. и А.П. од една страна и Б.М. од друга страна.
При преземање на мерки, кај Е.П. биле измерени 1,80 промили алкохол во крвта. Б.М. и Е.П. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакнаа од МВР.
Деск
Кавадарчанец нападнал малолетник, па таткото на момчето под дејство на алкохол, со уште две лица дошол да се пресмета со него
1 Min Read

