Жена од Неготино уплатила пари на сметка преку апликација за меѓународен трансфер, со цел да купи текстил од лице од Турција, но потоа лицето прекинало контакт и сфатила дека е измамена, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Како што информираат од полицијата, вчера во 16:00 часот, во ОВР Неготино, 27- годишната жена од Неготино пријавила дека била измамена за сума од 720 евра.
-Според пријавеното, во месец октомври, преку мобилна апликација остварила комуникација со лице што продавало текстил на социјална мрежа, а потоа парите ги уплатила на сметка преку апликација за меѓународен трансфер на пари, на лице од Р.Турција.
По неколку денови пријавителката се обидела да оствари контакт, но не добила одговор, била блокирана и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, истакнаа од СВР Велес.
Деск

