Ние не бараме одмазда, туку држава што функционира! Не може овој случај да заврши со одговорност само за неколкумина. Трагедијата во „Пулс“ е синџир на пропусти – и ние бараме да се утврди одговорност за секоја алка од тој синџир, вклучително и за полициските службеници. Правдата не смее да биде селективна, кажа денес Александар Наунов, татко на Надица, која почина во пожарот во таканареченото кабаре Пулс во Кочани.
Родителите на жртвите и денес излегоа на протестен марш во Кочани и порачаа дека се во очекување на обвинителен акт за осомничените полициски службеници.
Наунов исто така откри дека по судењето се нашле очи во очи со обвинетите, на паркингот, оддалечени едни од други само околу еден метар. Реагираше дека логистичкиот дел од организацијата на судењето потфрлил.
На маршот, родителите уште еднаш порачаа дека ќе се борат достоинствено и истрајно и нема да дозволат загинатите деца и младинци да останат само како заборавени имиња во судниците.
Деск
НЕ БАРАМЕ ОДМАЗДА, ТУКУ ДРЖАВА ШТО ФУНКЦИОНИРА, ПОРАЧАА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ МЛАДИНЦИ ОД КОЧАНИ
1 Min Read

