Општина Штип ќе има организиран новогодишен дочек, на кој се очекуваат посетители од цела Македонија. Настанот е најавен како грандиозен, со голем број на музички ѕвезди, бесплатана храна и пијалоци за посетителите, и богати забавни содржини за сите возрасти.
Како што објави регионалната ТВ Стар, од општината потврдиле дека за сите присутни храната и пијалоците ќе бидат бесплатни, а ќе гостувале големи музички имиња од домашната сцена.
Ќе работеле Зоолошката градина и Дино паркот, а биле предвидени и изненадувања, кои организаторот ќе ги соопштел непосредно пред дочекот.
Деск

