Вчера во 14:00 часот во СВР Велес е пријавено дека во водите на реката Вардар, кај мостот во близина на село Уланци, општина Градско, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било извадено од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму посочуваат дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес и по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Според информации од ОЈО Велес, биле преземени првични истражни мерки и наложена била обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.
Деск
СО ОБДУКЦИЈА ЌЕ СЕ УТВРДУВА ИДЕНТИТЕТОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА ЖЕНАТА ЧИЕ ТЕЛО Е ПРОНАЈДЕНО ВО ВАРДАР
1 Min Read

