На денешното судско рочиште за пожарот во таканареченото кабаре Пулс во Кочани, бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов, Ивана Коцевска, кажа дека и била тешка задачата да го брани човекот кој за сите е убиец, а за неа бил еден обичен човек.
-Него му падна на товар институционалната неодговорност! И не сме свесни, колку уште други локали во моментот функционираат пропуштени од институционален надзор, кој што во конкретниот случај ќе немавме можност да го осознаеме, ако ја немавме немарноста на ангажираните музички артисти (ДНК), кои биле вечерта во локалот на Дејан.
Тој не е монструм, а она кое се случи ни ја тресна од глава нефункционалноста на нашиот систем, порача Коцевска.
Јованов пак, освен што кажа дека не чувствува вина, праша зошто син му Михајло бил обвинет, бидејќи тој бил обичен гостин во клубот.
Деск
НЕ СМЕ СВЕСНИ КОЛКУ ДРУГИ ЛОКАЛИ ВО МОМЕНТОТ РАБОТАТ БЕЗ ИНСТИТУЦИОНАЛЕН НАДЗОР, ВЕЛИ АДВОКАТКАТА НА ДЕЈАН ЈОВАНОВ
1 Min Read

