Денес повторно е блокиран граничниот премин Евзони, како за влез, така и за излез од Грција, соопшти АМСМ.
-Од 17:50 часот повторно е блокиран сообраќајот за сите видови на возила на граничниот премин „Евзони“, за влез и излез во Р.Грција, поради протест на земјоделци, наведуваат од Авто мото сојузот.
До кога ќе трае блокадата, се уште нема точна информација.
Инаку, од 30-ти ноември започнаа масовни блокади на патиштата во соседна Грција од страна на незадоволни земјоделци.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, земјоделците ги блокираат патиштата со земјоделска механизација, бидејќи бараат исплата на заостанатите субвенции и покривање на дел од трошоците за производство.
Деск

