Премиерот Христијан Мицкоски по еднодневно боледување пак им се врати на работните обврски. Денес тој објави дека присуствува на меѓуресорен состанок посветен на реформската агенда и порача дека независно од неразумните пречки на патот кон ЕУ, Македонија ја исполнува домашната работа.
Инаку, вчера од Владата соопштија дека премиерот поради здравствени причини го откажува присуството на Бизнис форумот Скопје. Како што појаснија, станувало збор за нарушување на општата кондиција поради сезонски фактори и не било ништо загрижувачко.
-Најважната цел е подобриот живот на граѓаните. Да обезбедиме сигурна иднина за генерациите што доаѓаат, објави денес Мицкоски по повод состанокот посветен на реформската агенда и сподели неколку фотографии од настанот.
Деск
Previous ArticleПИЈАН КАВАДАРЧАНЕЦ УДРИЛ ВО БАНДЕРА ВО НЕГОТИНО И ПОБЕГНАЛ

