Директорка на средно училиште заработи кривична пријава, бидејќи со фалсификуван тест за познавање на англиски јазик од Бугарија, била избрана за вршење на функцијата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.
Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа да биде избрана за директор.
Врз основа на доставениот предлог, на 12.07.2023 градоначалникот на општина Делчево изготвил решение со кое пријавената била избрана за директор на училиштето, инфоримраат од МВР.
Деск
СТАНАЛА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ СО ЛАЖЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК
1 Min Read
Next Article СЛОУ ФУД САЛОН 2025: ЗАЕДНО СО ПРИРОДАТА!

