За случајот во кој за време на лов поради небрежност беше убиено едно лице, поднесени се кривични пријави против 11 лица, осомничени за незаконит лов.
-ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Б.(40) од с.Габревци, В.Р.(52) од с.Ракитец, Љ.М.(64) од с.Долни Липовиќ, Г.Р.(71) од с.Ракитец, М.М.(67) од с.Ракитец, В.Н.(71) од с.Долни Липовиќ, В.И.(48) од с.Ракитец, С.Р.(33) од с.Ракитец, Г.К.(51) од с.Дедино, М.Д.(50) од с.Габревци и Ј.Б.(47) од с.Габревци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“, соопшти МВР.
На 10.11.2025, пријавените без да поседуваат дневна дозвола за ловење на дивеч во ловиште и во ден понеделник, кој со одлука на Управниот одбор на Здружение ловечко и риболовно друштво „Студенец“ од Конче не е одреден како ден за лов, отишле на лов на диви свињи во атар на с.Габревци, општина Конче.
За истиот случај, минатиот месец беше поднесена кривична пријава против едно лице за убиство од небрежност. Како што тогаш информираше МВР, за време на ловот, во еден момент М.Б. од својата ловечка пушка од небрежност испукал еден истрел и го погодил Ј.П. во пределот на стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го качиле повредениот во патничко возило и тргнале кон Итна медицинска помош Радовиш.
По пат ја известиле Итната медицинска помош и на место викано „Дедински Чаири”, атар на село Дедино, се сретнале со возилото на итната помош, каде што лекар констатирал смрт кај Ј.П..
Деск
11 ЛИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА НЕЗАКОНИТ ЛОВ ЗА СЛУЧАЈОТ ВО КОЈ ЕДЕН ЛОВЏИЈА БЕШЕ УБИЕН
2 Mins Read
Previous ArticleПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОР ИЗВРШИЛ ПСИХИЧКО НАСИЛСТВО ВРЗ НАСТАВНИЧКА
Next Article НОВАТА ,,САРА” ГО ВРАТИ СТАРИОТ СЛАТКАР!

