Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на пат кон Кавадарци со сопственото возило, денес возел еден километар повеќе од дозволеното, а прекршокот бил регистриран од камерите на Безбеден град.
Тој откри дека ја добил пораката за прекршокот, и вели дека за него тоа е показател како треба да функционира државата, без исклучок за сите кои ќе сторат прекршок.
-Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина.
Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани.
Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност.
Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку ред, дисциплина и спасување човечки животи. Со алармантниот број на жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме личен пример и одговорност. Оваа држава ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи не и нас кои сме најодговорни за нивното спроведување, соопшти министерот.
Деск
ВОЗЕЈЌИ КОН КАВАДАРЦИ, МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ НАПРАВИЛ СООБРАЌАЕН ПРЕКРШОК: НЕМА ПРИВИЛИГИРАНИ, ВАКА ТРЕБА ДА ФУНКЦИОНИРА ДРЖАВАТА!
1 Min Read

