На Клиниката за ортопедија успешно се изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од таму посочуваат дека првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапала.
-Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска, истакнаа од министерството.
Втората трансплантација пак, била направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото.
-Пациентот е во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска. Во интервенцијата учествуваа и средно-медицинскиот кадар: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска, соопштија од МЗ и изразија искрена благодарност до двата медицински тима и до семејствата на донорите за нивната хуманост.
Деск

