Откако пред четири години доби нов зелен пазар, кој се простира на три нивоа, по 2.300 метри квадратни, со 140 паркинг места, 170 тезги по ХАСАП стандард и 18 места за продажба со 6 разни либертини во делот на риба, месо, млеко и млечни производи, сега Кавадарци добива уште еден нов, модерен био пазар.
Како што информира градоначалникот Митко Јанчев, започна изградбата на нов модерен био пазар во Кавадарци – инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој, односно прв пазар од ваков вид во Тиквешкиот регион, кој е инвестиција во здравјето, земјоделието и локалниот развој во Кавадарци.
-Овој проект има за цел да обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. Ова е простор каде локалното добива вистинско значење, вели Јанчев.
Клучните карактеристики на Био Пазарот се простори за продажба на органски јаткасти плодови, мед, преработки и домашни прозводи, сирење, кашкавал, урда, путери од јаткасти плодови и слично, а објектот ќе биде поделен на 15 деловни единици.
-Проектот е дел од визијата за Кавадарци како еколошки одговорна и економски динамична општина, која ги поттикнува локалните производители, го скратува синџирот на снабдување и ја зголемува свесноста за здравите животни навики. Пазарот ќе биде изграден во зона со комерцијална и деловна намена, истакна градоначалникот.
Деск
ОТКАКО ДОБИ СОВРЕМЕН ЗЕЛЕН ПАЗАР, ВО КАВАДАРЦИ ЗАПОЧНА ДА СЕ ГРАДИ И МОДЕРЕН БИО ПАЗАР!
2 Mins Read
Previous ArticleПАДНА МАЛ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО

