Општина Гевгелија најави спектакуларен новогодишен дочек на градскиот плоштад под мотото ,,Новогодишна магија”.
Главна музичка ѕвезда на настанот ќе биде Владо Јаневски, кој пред неколку години од Скопје се пресели во Гевгелија, а покрај него во музичката програма ќе учествуваат „Ситуација бенд“ и „Либра бенд“.
Ќе настапи и стенд ап комичарот Дејан Малзарков- Диверзија, а водител ќе биде Никола Опров.
Од општината најавуваат празнично украсен плоштад, богата светлосна сценографија и добра забава за сите генерации.
-Во организација на Општина Гевгелија, продолжува традиционалната организација за дочек на Новата година.
Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка содржина преку целата година.
Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2026 година на Градскиот плоштад во Гевгелија, истакна градоначалникот Андон Сарамандов.
В.К.
Previous ArticleСКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ ЛУНА ПАРК НА ПРОСТОР ОД 84.000 КВАДРАТНИ МЕТРИ

