Болница „Д-р Органџиски” објави дека повторно урнале рекорд, и успешно реализирале ин витро (IVF) процедура, која е уште еден доказ за посветеноста на нивниот тим.
Како што соопштија од болницата, наши пациенти кои живеат и работат во Европа, ги израдувале со вест што се чека цел живот – позитивен тест за бременост.
-По долги години борба, надежи што многупати биле разнишани и бројни посети на клиники ширум Европа, конечно – успех.
Идната мајка, на безмалку 61 година и идниот татко, на 70 години, го дочекаа моментот за кој сонуваа со децении. Момент што за многумина изгледа невозможен, а за нас – уште една потврда дека кога знаењето, искуството и срцето се заедно, чудата навистина се случуваат.
Под водство на Д-р Стојан Органџиски, заедно со Д-р Верица Органџиска и посветениот ембриолошки тим Емилија Миовска и Анѓела Мицова, беше постигнат резултат што ја надминува медицината – резултат што допира до човечката душа, истакнаа од болницата.
Од таму потсетуваат на највозрасната пациентка која забременила и родила здраво машко дете на 60 години, токму во Болницата „Д-р Органџиски“, и тоа е уште еден силен доказ дека границите постојат само додека не ги поместиме.
Деск
СЕ СЛУЧИ ЧУДО ВО МАКЕДОНСКА БОЛНИЦА: ИДНАТА МАЈКА 61 ГОДИНИ, ИДНИОТ ТАТКО 70 ГОДИНИ
1 Min Read

