66-годишник, сопственик на угостителски локал, и 61-годишна жена заработија кривични пријави, бидејќи кај првопријавениот биле пронајдени марихуана, гранки и семки од канабис и дигитална вага, а пак второпријавената била ,,фатена” како седната во хаварисано возило ја пакува марихуаната, соопшти МВР. Настанот се случил во струмичко Колешино во април, а сега им се поднесени и кривичните пријави.
-СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.К.(66) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,поттикнување’’ и против Д.Т.(61) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,помагање’’.
На 04.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во угостителски објект во с. Колешино, како и во објект на правно лице, сопственост на првопријавениот, при што биле пронајдени марихуана, 140 гранки од растението канабис, семки од растението канабис и дигитална вага.
Додека, при претресот на објект на правното лице, во хаварисано возило била затекната второпријавената која пакувала марихуана, известија од министерството.
Деск

