Маж од кавадаречко село доцна синоќа бил лишен од слобода во угостителски локал во Велес, соопшти полицијата.
Како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Велес, тој бил пријавен дека во локалот и се заканувал не неговата поранешна партнерка и на нејзината пријателка.
-Вчера во 23:55 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 37-годишник од кавадаречко село, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес упатувал закани на неговата 29-годишна поранешна партнерка и нејзина пријателка.
Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, известија од СВР Велес.
Деск
Next Article ,,ЖИКИНА ДИНАСТИЈА” НАПОЛНИ ПЕТ КИНО САЛИ ВО СКОПЈЕ!

