Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ нема да го одржи новогодишниот концерт на 20-ти декември во Националната опера и балет. Истиот е откажан поради смртта на иргаорецот и кореограф Симеон Чулев.
Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.
Членовите на ,,Танец” биле едногласни дека во моменти на голема тага, не е можно да се слави традицијата на сцена.
Граѓаните кои веќе купиле влезници за концертот, можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите.
Деск

