Во четвртокот, белгиската полиција испука солзавец и употреби водени топови откако протестите на земјоделците против договорот за слободна трговија меѓу Европската Унија и Меркосур прераснаа во насилство, при што некои демонстранти фрлаа камења и компири кон полицијата и кршеа прозорци.
Полицијата интервенираше кога насилството ескалираше и се обиде да уапси некои од демонстрантите. Во еден момент, трактор влезе во редот на интервентната полиција, а снимка од настанот објавија голем број на светски медиуми.
Полицијата во Брисел соопшти дека одобрила протест со до 50 трактори, но до четврток попладне околу илјада пристигнаа во белгиската престолнина, претежно со белгиски регистарски таблички. Тие го проценија бројот на демонстранти на 7.000.
Лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел во четвртокот дискутираа дали Европската Унија треба да потпише договор со блокот на Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај.
Критичарите на трговскиот договор, кој се подготвува веќе 25 години, велат дека евтините стоки би можеле да го преплават пазарот на штета на европските производители.
Деск
Previous ArticleПРОДОЛЖУВААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

