Струмичанецот Роберт Дрвошанов, по кого годинава во август се трагаше и беше пронајден по три дена, повторно исчезнал.
Апелот за негово пронаоѓање денес го објавија струмичките медиуми, кои ја известуваат јавноста, секој кој има било каква информација, да го контактира семејството на телефонските броеви 077 863 950 – Љубинка и 077 619 822 – Марјан.
Последен пат бил виден облечен во црна облека.
Кога летово се трагаше по него, од полицијата известија дека бил пронајден од страна на полициски службеници, во близина на Колешински водопади.
В.К.

