Во тек на вчерашниот ден по повод празникот Свети Никола, велешката гостилница Боем по шести пат организираше голема хуманитарна акција.
Заедно со здружението ,,Нула гладни во Велес” и со помош на младите од Црвениот Крст Велес, тие поделиле 800 оброци, и исто толку десерти и сокови на социјално загрозени лица.
Мотото на гостилницата која стана позната по својата хуманост е дека на секој верски празник, секој еден заслужува топол свечен оброк.
Деск

